Најдобриот стрелец во тимот на Рома, Един Џеко на мечот со Пескара без влакна на јазикот го прозиваше тренерот Лучијано Спалети кој го изваде од игра босанскиот репрезентативец.
Предводникот на „волчицата“ 20 минути пред крајот на водство 4-0 го повлече Џеко кој иако не постигна погодок одигра значајна улога во триумфот 4-1 на крајот од мечот.
После замената Џеко не си ни поздрави со тренерот и играчите од клупата, туку замина директно во соблекувалните. – И подобро што не дојде на клупата, бидејќи ми е страв од Џеко тој е огромен и силен дечко. – низ смеа прокоментира Спалети за потегот на Џеко.
Босанскиот репрезентативец води мртва трка за наградата за најдобар стрелец во Серија А со Андреа Белоти кој има 25 голови, Мауро Икарди 24 и Гонзало Игуаин 23 погодоци.
OhridNews