Без победник (1-1) заврши првиот меч меѓу Босна и Херцеговина и Република Ирска во бараж двомечот за пласман на Европското првенство во Франција.


На головите се чекаше до 82-та минута кога Роберт Бреди погоди за предност на гостите.


Амбиците за пласман на ЕП во живот ги остави Един Џеко со изедначувачкиот погодок во 85-та минута.


Првото коло до бараж двомечите ќе се комплетира со натпреварите меѓу Украина – Словенија и Шведска – Данска.

Мх.П.