Манекенката и актерка Џени Мекарти повторно ќе позира гола за насловната страна на „Плејбој“, 20 години откако дебитирала како модел на насловната страна на престижното списание. Атрактивната русокоса ќе ги израдува своите обожаватели на насловната страна за јули – август.
Џени рекла дека сигурно ќе позира за „Плејбој“. Додала дека била поласкана кога добила покана повторно да се фотографира за списанието. Дефинитивно сакала тоа да го стори повторно, иако била убедена дека тоа нема никогаш да се случи. На машкиот дел на популацијата му останува само да го сочека јулското издание на „Плејбој“.