Холивудската актерка која оваа година ќе има премиери на дури три филма, одлучила да на прави пауза од снимањата на една година. Имено, Џенифер Анистон сака целото свое време и внимание да ги посвети на врската со момчето Џастин Терокс.
Извор близок на актерката рекол дека таа едноставно сака да ужива. Откако ја започнала врската со Терокс таа не криела дека нивниот однос од ден во ден е се подобар. Тие веќе и живеат заедно, а се запознале минатата година на снимањето на филмот ‘Wanderlust’. Пред неколку месеци за прв пат биле видени заедно и оттогаш Џенифер го претставува Терокс како свое момче.