Иако уште во 2005 година се развела од Бред Пит, Џенифер Анистон останала во многу добри односи со својата поранешна свекрва, Џејн Пит, па не чуди тоа што ја поканила на својата свадба со Џастин Теру. Извор близок на актерката рекол дека Џенифер сакала Џејн да биде на нејзината свадба, додавајќи дека актерката е поблиска со неа отколку со својата родена мајка Ненси.

Истиот извор навел дека мајката на Бред била среќна што Џенифер повторно пронашла среќа во љубовта и дека за ништо на светот не би ја пропуштила нејзината свадба. Џенифер и Џастин, кои живеат заедно од мај 2011, планираат да се венчаат до крајот на годинава. Актерката наводно планирала свеченоста да биде на ранчот на нејзината колешка Џулија Робертс во Ново Мексико, додека некои извори велат дека церемонијата сепак ќе биде во некоја егзотична земја, најверојатно Кенија.