Холивудската актерка Џенифер Анистон моментално не чувствувала притисок да стане мајка, но била уверена дека еден ден тоа ќе се случи по природен пат. Таа сакала на сите да им порача дека треба да се опуштат и да не размислуваат премногу за нејзиниот приватен живот, бидејќи кога ќе дојде време сите ќе ја видат во улога на мајка, мажена жена и домаќинка.


Таа уште и додала дека е мнгу пребирлива кога е во прашање љубовта. Кога нешто ќе почувствувала тогаш навистина било почуствувано. Рекла дека ретко се вљубува, а во последниве десет години тоа и се случило само два пати. Со поранешните партнери останала во добри односи бидејќи немало причина да бидат непријатели.