Американската актерка Џенифер Гарнер била прогласена за мајка на годината. Актерката оваа титула ја заслужила со својот имиџ на беспрекорна мајка на три деца кои ги има со сопругот, актерот и режисерот Бен Афлек, било наведено во списанието за родители ‘Today’s Parent’.
На второто место се нашла Риз Витерспун, на третото место била Бијонсе, четврта била Џесика Симпсон, додека на петтото место се нашла актерката Џесика Алба.