Извори блиски до парот рекле дека двегодишната врска на пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот пратечки танчер Каспер Смарт наишла на големи проблеми и дека тие двајца се пред неминовно раскинување. Изворот навел дека работите не изгледаат премногу добро во овој момент. Константно се карале и на сите им било јасно дека тоа нема добро да заврши.
Луѓето блиски до пејачката во неколку наврати рекле дека ниту таа не била сигурна дека врската олку долго ќе трае и дека танчерот бил само некој вид утеха за неа. Лопез зад себе веќе има три пропаднати бракови, а последниот завршил во 2011 година со пејачот Марк Ентони со кој има две деца.