Пејачката Џенифер Лопез имала жестока кавга со своето момче Каспер Смарт пред минувачите во Лос Анџелес. Момчето ја возело Џенифер на снимањето на телевизиското шоу „Американски идол“ во кое таа е член на жирито. На една од крстосниците во Лос Анџелес парот кој е во врска шест месеци имал жестока кавга пред минувачите. Џенифер се мрштела и мафтала со рацете, а Каспер цело време ја игнорирал, гледал во подот и молчел.
Бесната пејачка без поздрав излегла од автомобилот и отишла во студиото. Само еден час подоцна глумела дека е среќна пред камерите и постојано се смеела. Пријателите на славната пејачка велат дека нејзините кавги со Каспер се се почести и дека таа повеќе размислува за брак и деца, додека на Каспер најважна му била кариерата.