Пејачката Џенифер Лопез според изборот на читателите на американското списание „Пипл“ е прогласена за најубава жена на светот. Џенифер Лопез која титулата ја добила на 41 година изјавила дека е среќна и горда поради признанието, а горда поради фактот што повеќе нема 25 години за да добива вакви признанија.


Таа така се приклучила на претходните добитници на ова признание, актерките Хали Бери и Џенифер Гарнер, како и пејачката Бијонсе Ноулс. Лопез моментално е ангажирана како член на жирито во шоуто „Американски идол“.