Популарната пејачка Џенифер Лопез сака да му роди дете на своето момче Каспер Смарт. Пејачката, која веќе е мајка на петгодишните близнаци Макс и Ема, верува дека годините се пречка да забремени по природен пат, па наводно размислувала за вештачко оплодување.

Добро упатен извор за медиумите рекол дека таа се плаши дека времето не е на нејзина страна. Меѓутоа се надевала дека со вештачко оплодување ќе остане бремена за неколку месеци. Парот наводно се договорил целиот третман да го одработат во тајност. Во врска се од 2011 година.