Актуелниот шампион во Серија А, Јувентус го претрпе третиот пораз сезонава, откако изгуби (3-1) од Џенова на Лујџи Ферари стадионот.


Фудбалерите на Џенова натпреварот со Јувентус го одиграа во еден здив, не дозволувајќи му ниту трошка надеж на гостите за поволен резултат.

Дека ќе биде „весело“ на Лујџи Ферари, најави Џовани Симеоне со голот во 3-та минута. Десет минути подоцна истиот фудбалер зголеми на 2-0 и предизвика еуфорија на стадионот.


„Лудилото“ кулминираше после половина час игра, кога Алекс Сандро сам си ја затресе мрежата за убедливи 3-0 за домаќините.


„Старата дама“, до крајот на мечот постигна почесен погодок преку Миралем Пјаниќ кој погоди во 82-та минута.

Резултати: Болоња – Аталанта 0-2, Палермо – Лацио 0-1, Каљари – Удинезе 2-1, Кротоне – Сампдорија 1-1, Џенова – Јувентус 3-1, Рома – Пескара.

Табела: Јувентус 33, Милан 29, Лацио 28, Аталанта 28, Рома 26 (-1), Торино 25…

OhridNews