Лидерот и актуелниот првак во Серија А, Јувенутс претрпе минимален пораз 1-0 на гостување во Џенова од истоимената екипа.


Чуварот на мрежата на „старата дама“ Џиџи Буфон по 500-ти пат беше на голот на својата екипа, но фудбалерите на Џенова со погодок во 90-та минута го расипаа јубилејот на голманот-супермен.


Погодокот вреден три бода и победа го постигна поранешниот фудбалер на Милан, Лука Антонини.

Резултати : Аталанта – Наполи 1-1, Каљари – Милан 1-1, Фиорентина – Удинезе 3-0, Џенова – Јувентус 1-0, Интер – Сампдорија 1-0, Палермо – Верона, Рома – Чезена 2-0, Торино – Парма 1-0.

Табела : Јувентус 22, Рома 22, Милна 16, Сампдорија 16, Удинезе 16…

Мх.П.