Екипата на Џенова ја „стиши“ еуфоријата во составот на Милан, откако го совлада со 3-0 во премиерниот меч од 10-та рунда во Серија А.
„Росонерите“ на „Лујџи Ферари“ ни беа ниту бледа сенка од дерби натпреварот со Јувентус кој го добија со 1-0.
Домаќините, деконцентрацијата во одбраната ја искористија во 11-та минута кога со голот на Никола Нинковиќ поведоа со 1-0.
Надежите за поволен резултат на гостите се сруши после десет минути во вториот дел. Габриел Палета остро стартуваше над противнички играч и доби директен црвен картон.
Бројчаната предност на теренот фудбалерите на Џенова ја искористија во финишот постигнувајќи два голови за убедлива победа.
Џенова со трите освоени бодови се искачи на седмата позиција додека Милан можеби ќе го изгуби третото место на табелата ако Наполи забележи победа на домашен терен против Емполи.
OhridNews