Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард по преставувањето во америчката МЛС лига имаше низа замерки за својот соиграч Рахим Стерлинг кој прави се да замине од Енфилд.


Стерлинг го одби новиот договор, а одби и да патува со екипата на турнејата во Австралија и Америка.

– Не сум ни малку среќен како се развива ситуацијата меѓу него и клубот. Сите, а особено Стерлинг треба да биде вистински маж. Тој мора да разговара со менаџерот Брендан Роџерс и сопствениците на клубот, а не да глуми болен само за да не патува со екипата на летната турнеаја. Ливерпул има милион навивачи ширум светот и сите сакаат да го видат Стерлинг заедно со екипата. – рече Џерард.

„Црвените“ одбија две понуди од Манчестер Сити за Стерлинг. Првата изнесуваше 40 милиони додека втората 55 милиони евра.

Ohridnews