Еден од најзаслужните за развитокот на Стивен Џерард и за стасутот кој го има капитенот на „црвените“ во англискиот фудбал е францускиот стратег Жерар Улие.
Тој го вклучи Џерард во екипата и му даде прилика, а се останато околу играчката кариера на капитенот е историја. Улие верува дека пред Џерард претстои блескава менаџерска кариера кога ќе се одлучи да го направи тоа.
– Ќе биде одличен менаџер бидејќи ќе ја става екипата во преден план пред неговите лични успеси. Тој поседува се што треба еден менаџер да го има. Роден лидер е, има природен дар и многу е креативен и инспиративен. – рече поранешниот менаџер на „црвените“ Улие.
Викендов, Џерард против Кристал Палас ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Ливерпул на Енфилд, a цената на билетите на црно достигнуваат до 1 000 фунти.
Мх.П.