Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард заработи три меча суспензија за црвениот картон добиен на дербито со Манчестер Јунајтед.


Џерард на теренот помина само 38 секунди откако судијата Мартин Еткинсон го испрати во соблекувалните по остриот старт над Андер Херера.


Легендатата на Ливерпул ќе ги пропушти натпреварите со Арсенал и Њукасл во Премиер лигата и мечот со Блекбурн во ФА Купот кои се од исклучително значење за екипата.

Суспензија од три натпревари заработи и Мартин Шкртел, кој намерно стартуваше над голманот Давид де Геа.

Мх.П.