Стивен Џерард и Вејн Руни долги години беа добри соиграчи во англиската репрезентација, а сеуште се лути ривали во Премиер лигата бранејќи ги боите на Ливерпул односно Манчестер Јунајтед.
Живата легенда на „црвените“ од Енфилд пред мечот на Анлгија против Словенија на „Вембли“ во квалификациите за ЕП во Франција имаше интервју на кое рече дека го „убивало“ кога Руни говорел за успесите со Манчестер Јунајтед.
– Руни е фудбалер од голем калибар и јас мислам дека треба да биде задоволен што се успеа да направи и освои со Манчестер Јунајтед. Кога ќе зборувавме за неговите успеси и достигнувања мене ме убиваше веднаш во поим – рече Џерард.
На дуелот со Словенија членот на „ѓаволите“ ќе го запише 100 настап за англиската репрезентација и тоа како капитен преземајќи ја врвцата од Џерард, кој се прости од селекцијата.
Мх.П.