Со погодокот на капитенот Стивен Џерард од белата точка во судиското продолжение „црвените“ од Енфилд го совладаа Лудогорец со 2-1.

На мечот со бугарите дебитански дрес за Ливерпул постигна Марио Балотели, а Џерард имаше пофални зборови за контроверзниот напаѓач.
– Овој погодок ќе му влее дополнително самодоверба бидејќи на напаѓач тоа му е неопходно. Не му одеше на претходните натпревари иако доста се трудеше – заврши капитенот.
Мх.П.










