Екипата на Ливерпул во групната фаза ги заврши мечевите за оваа сезона во Лигата на Шампиони. Европската авантура „црвените“ ќе ја продолжат во Лигата на Европа.
– Кога ќе сумираме се не само мечот со Базел, кој не успеавме да го добиеме не заслуживме ништо повеќе. Одигравме далеку под своите можности во Софија и Базел, а тоа е премногу за пласман во осминафиналето. Нападот е наш најголем проблем бидејќи неможеш да победиш ако не постигнуваш погодоци – рече капитенот Стивен Џерард.
Во клучниот натпревар на „Енфилд“ избраниците на менаџерот Брендан Роџерс им беше потребна победа, но ремизираа со Базел играјќи 1-1.
Мх.П.