Заминувањето од Енфилд по завршување на сезоната на Стивен Џерард го потврди самиот фудбалер, кој најави дека ќе замине од Англија и ќе засили некоја друга екипа.


– Една од најтешките одлуки во мојот живот е оваа што решив да заминам од Ливерпул. Не беше лесно, но морам да продолжам понатаму и да побарам нов предизвик. Сеуште не сум одлучил каде ќе играм, но тоа сигурно нема да биде во Англија бидејќи неможам да се замислам да настапувам против Ливерпул. Бев капитен на овој тим и се надевам дека еден ден ќе се вратам по завршувањето на мојата кариера – рече популарниот „Стиви џи“.

Како можна дестинација се споменува Америчката МЛС лига, а веќе понуда за услугите за екс репрезентативецот испрати Лос Анџелес Галакси.

Мх.П.