Капитенот на „црвените“ Енфилд, Стивен Џерард ќе тргне по стапките на Робин ван Перси, кој пред две сезони го засили Манчестер Јунајтед од Арсенал.
Тогаш холандскиот фудбалер премина на Олд Трафорд само поради моќноста на Јунајтед за освојување на титулите, а истото сега Џерард ќе го направи, но ќе го засили Челси.
34-годишниот фудбалер во својата богата кариера сеуште нема титула во Премиер лигата и констатно се зборува поради тоа дека не е комплетен играч.
На популарниот „Геро“ договорот му истекува сезонава и како слободен играч може да ги засили „сините“ или пак да се случи пресврт и како фудбалер на Ливерпул да се избори за највредната титулата во Англија.
Мх.П.