Иконата на Енфилд, капитенот на Ливерпул и легендарниот англиски репрезентативец, Стивен Џерард стави точка на својата фудбалска кариера.
– После неколкуте медиумски пишувања околу мојата иднина, официјално се огласувам дека се повлекувам од професионалното играње фудбал. – изјави Џерард.
36-годишниот фудбалер се појави и афирмираше во извондреден фудбалер во Ливерпул носејќи го дресот 710 пати додека во националниот дрес запиша 114 настапи и се наоѓа на четвртото место на вечната листа.
– Со облекувањето на дресот од Ливерпул си го исполнав сонот од детството, а се потоа беше плус. Никогаш, сам не си предвидував кариера каква што имав јас на Енфилд. Од моето деби во 1998 година против Блекбурн до последно живеев за песната навивачите и нивната посветеност на клубот. Незнам како да им се оддолжам за довербата и поддршката во сите години поминати во Ливерпул. – рече популарниот „Стиви Џи“.
Последните две сезони Англичанецот ги мина во Америка настапувајќи во Лос Анџелес Галакси, но неговото срце и душа припаѓаат на Енфилд.
OhridNews