Голема прашина и помпезност се крена по завршување на љубовта на Стивен Џерард и Лос Анџелес Галакси и можното враќање на фудбалерот на островот.
Неколку денови после ударната вест на англиските медиуми, доаѓа нова и по малку (не)очекувана. Популарниот „Стиви Џи“ ќе се врати на островот и на фудбалот, но со друга задача.
Поранешниот англиски репрезентативец (ќе) конкурира за менаџерската позиција во МК Донс, а (ќе) има голема конкуренција бидејќи негови противници за фотелјата можат да бидат Рајан Гигс и Френк Лампард.
Навивачите на Ливерпул веднаш поднесоа барање до управата на клубот и менаџерот Јирген Клоп за враќање на капитенот, но тој би можел на Енфилд да се врати само како менаџер бидејќи неговата фудбалска приказна најверојатно ќе заврши.
Инаку, интерес за продолжување на кариерата на Џерард покажаа Њукалс и Селтик кои се предводени од Рафа Бенитез односно Брендан Роџерс кои пак имаат соработувано со Џерард на Енфилд.
OhridNews