Некогашниот капитен на англиската репрезентација, Стивен Џерард по само една сезона ќе ја напушти америчката МСЛ лига и ќе се врати во Европа, но тоа нема да биде матичниот клуб Ливерпул.


Џерард најверојатно кариерата во Европа ќе ја продолжи во братскиот клуб на Ливерпул, Селтик кој пред неколку денови го промовираше за менаџер Брендан Роџерс.

Англичанецот по заминувањето во ЛА Галакси не се снајде најдобро ниту на теренот ниту во приватниот живот, а во една изјава рече дека копнее да се врати назад.

Сепак, Џерард по заминувањето од Ливерпул рече дека во Европа постои само еден клуб за него, а дали има моќ Роџерс да го убеди во спротивното ќе дознаеме наскоро.

OhridNews