Џесика Алба на својот фејсбук профил им се пофалила на обожавателите, како не би слушнале од некој друг, дека нејзината ќерка Онор ќе добие сестра или братче. Напишала дека е бремена и дека таа и Кеш се пресреќни поради приновата, па затоа одлучиле веднаш да ја известат јавноста.
Нејзината двегодишна ќерка која ја има со Кеш Ворен веќе успеала да искуси како е да се биде на диета, бидејќи Џесика мислела дека девојчето е премногу дебело. Со тоа актерката покажала дека знае да биде строга дури и кога тоа не е потребно. Холивудската убавица и Ворен се венчале еден месец пред раѓањето на нивната ќерка.