Ако некој може да дава модни совети за тоа како да се облекуваме, на што да внимаваме  и што да облекуваме, тогаш тоа дефинитивно е Џесика Алба, кралица на стилот, жена која во сите ситуации изгледа прекрасно.
Имено, во магазинот Инстајл, открива некои тајни на својот стил, а добрата вест е тоа дека не треба да имате буџет на холивудска ѕвезда за да изгледате супер.

Џесика секогаш изгледа непретенциозно, шик и тренди, како воопшто да не се трудела. Убавата актерка открива дека може да изгледате како милион долари, а да не потрошите многу пари.Исто така открива дека нејзиниот стил се променил откако станала мајка, и кажува дека никогаш не би облекла кратки пантолони, а не е љубител ниту на нагласените рамена.
“Сеедно дали купувате во Н&M, Topshop, Target или во некој дизајнерски бутик, ако облеката ви стои совршено – половина работа сте завршиле“, вели Џесика.
Омилени дизајнери и бутици и се Narciso Roudrigez, Oak и модниот синџир Cheap Monday.