Откако со својата појава ги разубавила повеќето први редови на париските ревии на познатите светски дизајнери, Џесика Алба враќајки се, на аеродромот во Њу Јорк, го покажала својот совршен зимски капут.

Пругастиот капут во нијанси на беж, црна и пастелно сина боја го потпишува Chloe, која на познатата актерка и го подарила својот дизајн за време на нејзиниот престој во Париз. Со ова впечатливо парче не се потребни други доминантни додатоци, затоа Џесика избрала лежерна комбинација од бели тесни панталони, кошула и црн џемпер, и го заокружила изгледот со црни кратки чизми и беж Chloe чанта.