Пејачката, актерка и дизајнерка Џесика Симпсон наводно ги продавала фотографиите од штотуку родената ќерка Максвел Дру за 490 илјади долари, пренеле американските медиуми. Неименуван извор изјавил дека парите не и биле важни, бидејќи работата со гардеробата и донела големо богатство. Така, според него, 100 или 500 илјади долари не и значеле ништо.

Џесика Симпсон се породила на 1 мај. Таа и поранешниот американски фудбалер Ерик Џонсон се вериле во ноември 2010 година, но сеуште не го одредиле датумот за свадба. Џесика Симпсон била тин поп идол и станала светски позната благодарение на реалното шоу со нејзиниот тогашен сопруг Ник Лахеј, членот на групата “98 Degrees”. Парот се развел после три години брак.