Робусниот кошаркар на Црвена Ѕвезда, Бобан Марјановиќ од следната сезона ќе настапува во НБА лигата откако потпиша договор со петкраниот шампион Сан Антонио Спарс.


Марјановиќ иако во НБА се пресели како слободен агент „спарси“ ќе му исплатат оштета на „црвено белите“ за стопирањето на преговорите за нов договор.

Центарот имаше фантастична сезона со клубот од Белград освојувајќи три титули националниот куп и шампионат и регионалната АБА лига.

По стапките негови треба да тргне Немања Бјелица кој настапува во Фенербахче и беше прогласен за МВП во регуларниот дел од Евролигата.

Тој во најбрз можен рок треба да потпише договор со Минесота.

Ohridnews