Неполна година откако беше оштетена и поново санирана, џиновската јагула повторно на мета на хулиганите. 170 метарската скулптура изработена од дрво, која од страна на охридскиот уметник Сергеј Цингулоски и беше подарена на општината, е оштетена на неколку места, а недостасуваат и делови од уметничкото дело.Очигледно апелот упатен од уметникот и јавноста да престане уништувањето на уметничките , но и останатите предмети поставени во парковите, не вроди со плод.
Џиновската јагула покрај пешачката патека кон Горица беше поставена во август 2011 година. По нејзиното оштетување на почетокот од оваа година, со средства од локалната самоуправа повторно беше санирана.