Здружението “Off Road” од Охрид на 10-ти овој месец организира турнеа од отворен тип со џипови по некатегоризирани патишта од Кичево до Охрид.

– Нашата намера е да ја ставиме во функција сета природна убавина и животните текови на овој предел на современ и атрактивен начин. Збирното место е во ресторанот Мерак во Кичево, а поаѓање во 8 часот. Трасатата е долга 68км, а поминува преку село Брждани, село Турије, село Сливово, село Слатино, село Оздолени, село Сошани, село Велмеј, село Куратица, село Косел и завршува во Охрид. Авантурата ќе се заврши со свечена вечера и заедничко дружење во ресторанот Белведере. – стои во соопштениет од охридскиот клуб

Настанот кој го организира „Off Road“ клубот е од отворен тип и не се плаќа котизација за учество.

OhridNews