Репрезентативецот на Велс, Џо Ален го напушти Ливерпул и премина во тимот на Стоук со кој потпиша петгодишен договор.
Името на Ален кој беше дел од идеалниот тим на Европското првенство беше поврзувано со сензационален трансфер во Манчестер Јунајтед, но со изборот да се пресели во Стоук „британскиот Чави“ одново ги освои симпатиите на навивачите на Ливерпул.
– Многу мие мило што се` се заврши во само 48 сати и не траеше многу време договарањето меѓу Ливерпул и Стоук. Кога слушнав дека Стоук ме бара бев возбуден и со нетрпение чекав решение. – рече Ален за клупскиот сајт на Стоук.
Инаку, од Манчестер во Ливерпул и обратно никој нема направено трансфер последниве 52 години, а очигледно и ќе потрае ривалството надвор од зелените терени.
OhridNews