Манчестер Јунајтед прокнижи нови три бодови на табелата совладувајќи го Лестер со 2-0 на Олд Трафорд во рамките од третата рунда во Премиер лигата.
Измените кои Жозе Мурињо ги направи во вториот дел го скршија отпорот на „лисиците“ и донесоа трет триумф за „црвените ѓаволи“. Маркус Рашфорд во 70-та минута го отвори резултатот, а во 82-та Маруане Фелаини го постави конечниот.
Иначе, домаќините најдобрата шанса за почетно водство ја имаа на стартот од вториот дел, но Ромелу Лукаку не го реализираше ударот од белата точка.
Резултати: Бурнмаут – Мен Сити 1-2, Кристал Палас – Свонси 0-2, Хадерсфилд – Саутемптон 0-0, Њукасл – Вест Хем 3-0, Ватфорд – Брајтон 0-0, Мен Ју – Лестер 2-0.
Табела: Мен Ју 9, Хадерсфилд 7, Мен Сити 7, ВБА 6..
OhridNews