Охридските бели со чисти 2-0 го совладаа новајлијата во лигата Ринија и ги прокнижија првите бодови во новото првенство. Втора недела по ред гостиварските “сини” го напуштаат Охрид со идентичен пораз.
Топлото и спарно време во првиот дел од мечот не им дозволи на актерите на теренот да манифестираат дел од своите вештини. Домашните доминираа на теренот, а најизгледната прилика ја имаше Меди кој изби сам “очи в очи” со противничкиот голман но биеше покрај голот. Во финишот на мечот за одбележување е ударот на Д.Клечкароски кој од триесетина метри ја погоди гредата.
топлото време неколку пати го прекина натпреварот
По освежувањето на полувремето, “рибарите” ги продолжија нападите кон голот на Абази. По еден час игра откако виде дека постојниот тим нема да може да го скрши отпорот на дефанзивно ориентираните гости, стратегот на охриѓани Ѓорески се одлучи да менува.
Џокер од клупата беше Китрозоски кој по само четири минути поминати на теренот искористи еден отпадок и од косо со прецизен удар го матираше Абази. Постигнатиот погодок дополнително ги мотивираше “белите” кои продолжија да го напаѓаат противничкиот гол.
По комбинацијата на Клечкарски и Меди, капитенот на охриѓани не реализираше од изгледна позиција, а одбиената топката заврши во удар од аголот. Најснаодлив во казнетиот простор по изведениот удар беше бранителот Мартиноски кој остана слободен на вториот дирек и од непосредна близина ја погоди противничката мрежа за зголемување на водството на 2-0.
По остварената предност, охриѓани ја легнаа играта и до крајот на мечот не дозволија гостите да стигнат до почесен гол, кои по 180 минути одиграни во првенството се уште не ја погодиле противничката мрежа.
Вардар денеска во Охрид ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона од Регионалната лига Противник на македонскиот првак ќе биде Војводина, а средбата ќе се одигра во СЦ „Билјанини Извори“ Двете...
Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на спортската програма на Ohrid Water Festival 2026 Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност д...
Четири натпревари и дури 35 погодоци ја одбележаа синоќешната програма на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Најефикасна беше пресметката меѓу Охридски бисер Филев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.