Натпреварот со Сандерленд во претпоследното коло од англискиот шампионат најверојатно ќе биде последен за Џон Тери во дресот на Челси.
Дефанзивецот и долгогодишниот капитен на „сините“ не се прослави откако заработи црвен картон, а подоцна неговиот тим изгуби 3-2.
Поради автоматската суспензија од еден натпревар и завршувањето на договор со Челси, Тери е тажен и не посакува разделба со клубот, а најмалку ваква.
Менаџерот Гус Хидинк кој ќе замине по завршување на сезонава го советува клубот да го задржи капитенот уште сезона.
Тери, му се обрати и на новиот менаџер Антонио Конте со молба да го задржи, а на потег е италијанскиот стручњак кој може уште одма да ги освои симпатиите од навивачите кои дефанзивецот го сметаат за заштитен знак.
OhridNews