Долгогдоишниот капитен на „сините“, Џон Тери по завршувањето на сезоната ќе го напушти Стемфорд Бриџ, но најверојатно не и англиската Премиер лига.


Договор на 35-годишниот дефанзивец му понудул матичниот клуб Вест Хем. На Аптон Парк, Тери ги направи првите фудбалски чекори, а како тинејџер на 15 години преминал во Челси.

– Трансфер во Вест Хем ќе биде сјајен потег за него, но и за клубот. Таму играше како „ученик“, а сигурно се уште има емоции во него за Вест Хем. – рече Хари Реднап екс менаџерот на „чеканите“.

Тери за „сините“ дебитирал 1998 година, до сега има одиграно 705 натпревари и има постигнато 66 голови, а има освено вкупно 16 титули. 

OhridNews