Во центарот на вниманието на филмскиот фестивал во Кан биле Џони Деп и Пенелопе Круз, кои го промовирале новото продолжение на филмот „Пираите од Карибите“. Три години по претходното продолжение, во новиот филм Џек Спароу тргнува во потрага по фонтаната на животот, а во меѓувреме ги решава и нерасчистените сметки со една мистериозна жена од неговото минато.


Жената се разбира ја игра Пенелопе Круз, но подоцна во филмот се воспоставува дека таа е само женска верзија на Џек Спароу, кој го глуми Џони Деп. Во филмот повторно се појавува и гитаристот на Ролингстоунс, Кит Ричардс, кој го игра таткото на Џек Спароу.