Холивудскиот актер Џорџ Клуни е опседнат со чисти чорапи толку многу, што никогаш не облекува исти пар чорапи два пати. Откако ќе мине еден ден во еден пар чорапи, Џорџ Клуни навечер сака да се реши од нив, што наравно може да си дозволи поради милионските хонорари. Сепак, тој чорапите не ги фрла, туку ги пере и ги подарува на добротворните организации за помош на бездомниците.
Клуни не е единствена славна личност оптоварена со облеката. Слична опсесија има и Ванеса Паради, која од друга страна, тешко се разделува од облеката. Таа изјавила дека во облеката пронаоѓа утеха и тешко ја фрла, дури и кога ќе се искине. Тоа посебно се однесувало на костимите во кои настапува.