Еден од најголемите холивудски заводници Џорџ Клуни наводно повторно бил слободен. Во американските медиуми за време на изминатиот викенд се нашле голем број текстови во кои се шпекулирало околу тоа дека Клуни раскинал со девојката Стејси Кеблер со која не го минал ниту денот на независноста.

Како што пренело списанието „Пипл“, Клуни бил тој кој раскинал, а парот три месеци не бил виден во јавност заедно. Добро упатен извор рекол дека не им доликувало да не можат да пронајдат време да бидат заедно. Џорџ тивко се повлекувал од врската. Клуни ја започнал врската со Стејси пред повеќе од една година, само месец дена откако раскинал со италијанката Елизабет каналис.