Актерот Џорџ Клуни во интервју за американските медиуми признал дека понекогаш е осамен, дека навечер често не можел да спие и дека знаел да претера со алкохолот. Најпосакуваниот ерген во Холивуд рекол дека најосамен бил во лошите врски и дека во минатото му се случувало жените да го изневерат и да го остават поради други мажи.


Но, кога станува збор за пороците рекол дека понекогаш премногу пиел и дека имало моменти кога ја минал границата помеѓу забавата и опивањето без никаква причина. На крајот рекол дека престанал и дека не се напил ништо уште од новогодишната вечера. Исто така признал и дека во младоста пробал кокаин, шмркањето апсолутно не го правело да се чувствува убаво.