Американскиот актер, и според многумина најубавиот маж на светот, Џорџ Клуни повеќе не е сам. Откако неодамна ја прекинал врската со Елизабет Каналис, мачо актерот се нашол во прегратките на професионалниот женски борач Стејси Кеиблер.


Стејси неодамна отпатувала во Италија, на езерото Комо, каде планира да го мине годишниот одмор во друштво на вечниот ерген, што само ги поттикнало гласините за нивната врска. Таа на својот твитер објавила дека е на одмор со Клуни, додавајќи дека се чувствува како во рајот.