Холивудската актерка Џулија Робертс ќе игра лекарка која на почетокот на епидемијата од сида лекува пациенти во филмската адаптација на драмата “The Normal Heart”, соопштила кабловската мрежа HBO. Филмот на оваа телевизија би требало да се појави во 2014 година и да се бави со почетокот на епидемијата од сида во Њујорк во осумдесеттите години. Робертс ќе ја игра лекарката Ема Брукнер која лекува неколку пациенти заразени со ХИВ вирус. Марк Рафало го игра Нед Викс кој е сведок за тоа како болеста ја покосила геј заедницата во градот.
Филмот ќе го режира творецот на серијата “Gli” Рајан Марфи, а сценариото ќе го адаптира писателот Лери Крејмер, еден од првите кои се залагале за заштита и превенција од сидата. “The Normal Heart” на театарската сцена се појавил во 1985 во Њујорк и повторно бил оживеан на Бродвеј во 2011 година.