Актерката Џулија Робертс им се придружила на колешките Мерил Стрип и Џулиет Луис на црвениот килим на премиерата на Филмот ‘August: Osage County’ во неверојатно модно издание.

За разлика од женствените фустани кои најчесто ги избира, Џулија овој пат посегнала по креација на Живанши која е инспирирана од класично, машко одело. Елегантно сако, бела кошула и црна сукња со должина до колената одлично функционираат со отворени сандали со ремчиња од истоимениот бренд. Освен што ги изненадила присутните со изборот на класичната комбинација, Џулија највеќе пофалби добила на сметка на нејзиниот физички изглед и совршено извајани нозе.