Селекторот на младата италијанска фудбалска репрезентација Луиџи Ди Бјаџо ќе ја предводи сениорската селекција на пријателските средби со Англија и Аргентина во март месец.

Поранешниот репрезентативец и член на Рома и Интер пет години ја предводи младата селекцијата на Италија привремено ќе ја преземе селекторската палка во А репрезентацијата.

„Азурите“ останаа без селектор во ноември кога Џампаоло Вентура замина после неуспешниот бараж дуел со Шведска за пласман на Светското првенство во Русија

Ди Бјаџо ќе дебитира против Аргентина во Манчестер на 23 март, додека дуелот со Англија е четири дена подоцна во Лондон.

OhridNews