Италијанскиот калчолигаш Рома со два голови во последните десеттина минути намали на 5-2, и си остави простор за надеж пред реваншот со Ливерпул на Олимпико во Рим.
Почетокот на мечот, кога Рома ја имаше првата шанса за погодок не наговестуваше ваков расплет, но, „црвените“ на крилата од публиката за половина час го сомле италијанскиот состав постигнувајќи пет голови.
– Почнавме добро, но потоа ги изгубивме главите на теренот и домаќините сурово не казнија. Во финишот, кога атмосферата се смири почнавме да играме и дојде наградата со двата постигнати голови. Мора да веруваме, бидејќи само така ќе ги достигниме трите голови на противникот. – рече тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо.
Германскиот стручњак на клупата од Ливерпул, Јирген Клоп и покрај двата примени голови немаше забелешки за своите играчи. – 80 минути играмве прекрасен фудбал. Јас ќе бев среќен и 5-1 да победевме, но и вака сум задоволен, затоа што момците се надминаа себе си. Искрено пред натпреварот не очекував ваква победа, па затоа неможам да бидам незадоволен. – истакна Клоп.
OhridNews