Манчестер Јунајтед ќе биде ослабен наредните две седмици откако поради повреда на бутниот мускул ќе паузира Анхел ди Марија.
Аргентинскиот репрезентивец се повреди на стартот од мечот со Хул и веднаш го напушти теренот со придружба од клупскиот доктор.
Ди Марија, кој летово пристигна на Олд Трафорд ќе ги пропушти мечевите со Стоук и Саутемптон.
Враќањето на терените на Ди Марија е предвидено за натпреварот со Ливерпул, кој е закажан за 14 декември.
Мх.П.