Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија и следната сезона ќе биде дел од Манчестер Јунајтед одбивајќи ја богата понудата на Пари Сент Жермен.
Ди Марија во летниот преоден рок минатата година за рекордни 75 милиони евра од Реал Мадрид се пресели на Олд Трафорд.
Аргентинецот во првата сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ не ги повтори игрите од Реал Мадрид, но во неколку натпревари покажа дека е големо засилување за Манчестер Јунајтед.
После завршување на сагата околу трансферот на Ди Марија холандскиот стручњак Луис ван Гал ќе се насочи кон доведување на новите фудбалерите.
Мх.П.