Анхел ди Марија и Едисон Кавани одбраа најдобар можен начин да си го честитаат роденденот постигнувајќи три од четири погодоци за ПСЖ во триумфот над Барселона 4-0 во првиот осминафинален натпревар.


Репрезентативецот на Аргентина, Ди Марија е шести играч во ЛШ кој на својот роденден постигнал два погодоци. Претходно таков учинок имаат натпреварно Ѓорги Деметрадзе (Динамо Киев), Оле гунар Солскјаер (Мен Ју), Дадо Пршо (Монако), Жулио Баптиста (Рома) и Рахим Стерлинг (Манчестер Сити).

– Да ја победиш Барселона со ваков резултат на мојот роденден е навистина неверојатно. Ваква ноќ немам сонувано да бидам искрен. Одигравме совршен меч не им дозволивме ништо да покажат и заслужено славевме. – рече Ди Марија.


Емоции после натпреварот не ги криеше Едисон Кавани кој со четвртиот гол за екипата стави печат на победата. – Во времето кое го имам поминато овде имаме неколку брилијатни натпревари, но овој ќе го издвојам и вечно ќе го паметам. Сите сме среќни, бидејќи одработивме се што ни побара тренерот. Сега ќе прославиме, а кога ќе дојде време ќе мислиме на реваншот кој не очекува на Ноу Кам.

После завршување на мечот соиграчите ги изненадија славениците со роденденска торта по што атмосфера во соблекувалните кулминираше.

ЛШ: ПСЖ ја растури Барселона (видео)

Луис Енрике: Резултатот кажува се околу натпреварот

OhridNews