Невниманието на голманот Кевин Трап при ударот на Тони Крос го искористи Начо кој го постигна решавачкиот погодок во дерби пресметката меѓу Реал Мадрид и Пари Сент Жермен. „Светците“ имаа повеќе шанси во текот на мечот, но голманот Кејлор Навас, а и среќата ја сочува „празна“ мрежата на Реал Мадрид.
– Изигравме минимум десет пати подобро од Реал Мадрид, но изгубивме. Во соблекувалната беше мртва тишина бидејќи сите бевме свесни дека можевме да победиме. Ние одигравме најдобро што можевме и покажавме дека можеме да се носиме со најголемите екипи во Европа. – рече Анхел ди Марија.
Аргентинскиот репрезентативец по долга тишина ја искористи шансата да каже дел од причините за неговото заминување од Сантијаго Бернабеу.
– Не си заминав поради пари, сакав да го продолжам договорот, а тие едноставно ме игнорираа. Сакаа да ги покријат трошоците кои ги имаа со ангажирање на големи фудбалери кои ги купија минатото лето. За жал си заминав од задната врата, не онака како што јас посакував. – заврши Ди Марија.
Ohridnews











